16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМенче Точи: Да се пратат контроли во домовите за стари лица и...

Менче Точи: Да се пратат контроли во домовите за стари лица и во Македонија, за да не се повтори истото што и се случи на бабичката во Косово !!!

Откако Портпаролот на полицијата на Пеќ Фадиљ Гаши ја потврди веродостојноста на видеоснимката која деновиве се шири по интернет. На снимката медицинска сестра ѝ влепува шлаканици на штитеничка на домот за стари лица, а други сестри се смеат и снимаат додека кутрата жена плаче.

Кога ќе се обиде да се одбрани, сестрата ја удира со колено по стомак.

Гаши информира дека медицинските сестри се приведени, а обвинителството во Пеќ веќе подготви обвинение за кривично дело „напад“ и „помагање во извршување на кривичното дело напад“.

После овој скандал во Косово се огласи Менче Точи-

Случката во домот за стари лица во Косово е многу страшна и не можев да ја гледам до крај. Надлежните таму се надевам ќе превземат мерки кон сторителите и сопствениците на домот, Но, еве повод да се пратат контроли во домовите за стари лица и кај нас и добро да се прочешлаат. #Министерствотозатрудисоцијaлнаполитика, да види што се случува таму, како се третираат старите лица, има ли медицински тимови, кој им става инјекции, дали тие лица се стручни за тоа, се земаат ли провизии од погребалната служба, и многу други работи. Нивните услуги не се евтини, а беа повластени- најголем дел ги направија домовите во време на претходната власт за 1 евро квадрат. Сега нека понудат солидни услови, зашто од некои домови стигаат страшни информации. Во ситуација кога државата не ја интересира да изгради државни домови за стари лица каде цените ќе бидат пониски да може секој со пензија достоинствено да ги помине последните години од животот, ќе им ги полниме џеповите на приватните, а таму ќе одат само привилигираните-тие што можат да платат 500 евра месечно, (сега може и повеќе), а за лекови и други дополнителни третмани да не зборуваме.. Другите кои работеле цел живот, ама имаат мали пензии-тивко умираат сами во своите домови. Тие не добиваат шанса од ова општество зашто во државниот дом се чека ред со години. До умирачка!

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...