1.9 C
Ohrid
вторник, март 18, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби: Да не постоеше Али Ахмети, Албанците ќе требаше да го измислат!

Груби: Да не постоеше Али Ахмети, Албанците ќе требаше да го измислат!

spot_img

Кога Али Ахмети зборува за иднината на Македонија, а во тој контекст за евроинтеграциите и за широк партиски консензус, треба сериозно да се слушнат неговите аргументи, зашто неговото искуство е огромно и нему никој од нас во ДУИ не може да му врши притисок, рече вицепремиерот Артан Груби во интервју за ТВ Клан.

<

– Господинот Ахмети е една од ретките национални личности, учесник во три војни, учесник во сите револуционерни движења на албанската нација во минатото и не гледам кој од нас може да изврши притисок врз господинот Ахмети. Било да е Артани, било да е Бујари или Крешнику. Ако Ахмети не постоеше ќе требаше да се измисли – вели Груби.

За можното влегување на Алијанса за Албанците во Владата, Груби вели дека за да се случи тоа никој не мора да излезе, па ни Алтернатива. Тој нагласи дека е важно да се создаде голем проевропски политички фронт за соочување со антиевропските сили.

– Токму тоа и беше причината за влез на Алтернатива на Африм Гаши во Владата минатата година. Зошто сега Алтернатива би се откажала од власта поради каква било функција повеќе или помалку, кога повторно во прашање е проевропскиот процес? Како може да го напушти процесот на половина пат само поради една или две причини? – рече Груби.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Хоспитализирани нови 20 случаи меѓу кои и три пожарникари

Директорoт на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, на неговиот Фејсбук профил објави соопштение поврзано со нови хоспитализации на лица повредени во...

Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, меѓу жртвите во Кочани

Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во кочани загина и младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче. Моника е, за жал, една...

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата.

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беше испратен уште...

За неколку часа над 120 Бугари даруваа крв во болницата Пирогов за настраданите од трагедијата во Кочани

Само во првите два часа повеќе од 120 луѓе дарувале крв за настраданите во трагедијата во градот Кочани, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. До крајот на...