14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЖител на кочанско Оризари убил волк во сопствениот двор

Жител на кочанско Оризари убил волк во сопствениот двор

Педесет и едногодишниот Сашко Арсов од кочанската населба Оризари попладнево убил волк што му влегол во дворот од семејната куќа.

Дивото животно непријатно го изненадило затоа што не очекувал блиска средба со него во централниот дел на населбата, а во тој момент по улицата во која живее поминувале деца и други луѓе. Само присебноста му помогнала да го совлада волкот и да избегне сериозни повреди.

– Во моментот кога го забележав помислив дека се работи за куче од расата германски овчар кое шета со другите бездомни кучиња во населбата. Кога почна да ми приоѓа сфатив дека се работи за млад волк, кој се симнал од падините на планината и влегол во дворот. Успеав да го шутнам со ногата и да го оддалечам за миг, а потоа со камен и стап што случајно ги најдов во близина, го удрив неколку пати во пределот на главата. Вознемирен сум од случката и не сакам ни да помислам за можните последици ако животното се појавеше навечер или пак ако наидеше некое дете или жена, истакна Арсов.

Жителите на Оризари потврдија дека во изминатите неколку вечери во близина на населбата слушнале завивање на волци, кои најверојатно во потрага по храна се симнуваат од Осоговијата. Загрижени се за сопствената безбедност и бараат реакција од надлежните ловочуварски служби.

Извор: 24info.mk

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...