16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаКелнерот Зуљхајрат нов директор на Македонски Железници –Транспорт

Келнерот Зуљхајрат нов директор на Македонски Железници –Транспорт

Во недостиг на информации за неговата стручна способност, прашуваме кое образование, кои обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски Железници Транспорт – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од пред некое време МЖ Транспорт АД Скопје има нов генерален директор – Зуљхајрат Демири. Трагајќи по неговата професионалната биографија, која патем ја нема на официјалната веб страна на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа Фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 год по кои може да се заклучи дека бил ангажиран во сферата на угостителството. Во недостиг на информации за неговата стручна способност, прашуваме кое образование, кои обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски Железници Транспорт – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што влегуваат и излегуваат помалите албански партии во Влада, така им се дава местото директор на МЖ Транспорт АД. Очигледно дека оваа позиција е резервирана за нив, со цел нови партиски вработувања со кои се надеваат дека ќе го подигнат нивниот партиски рејтинг. Колку што можевме да изброиме ова е седми по ред директор, во изминативе секоја години. Значи, секоја година претпријатието си добива нов директор. Секој од нив, освен што го задолжува претпријатието и што вработува партиски несоодветни кадри, апсолутно ништо не прави. Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија“ – се вели во соопштението.

Поради ваквиот однос кон железниците во Македонија, оценува опозициската партија, имаме целосен распад на железничкиот систем.

„Поради штрајк на вработените веќе четири дена возовите не возат, а никого мува не го лази. Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...