22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаЕстрадаТамара Тодевска: Струмичанецот Васил ќе ја претстави нашата земја во најдобро светло!

Тамара Тодевска: Струмичанецот Васил ќе ја претстави нашата земја во најдобро светло!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Струмичанецот Васил Гарванлиев, кој што во мај ќе не претставува на Евровизија во Холандија со песната ,,You” ја доби максималната поддршка од својата колешка Тамара Тодевска.

<

Тој минатата година беше нејзин придружен вокал на популарната манифестација, од каде таа се врати со највисокиот пласман досега за Македонија, прво место од стручното жири со 247 поени, односно седмо место на Евровизија, со песната ,,Proud”.

За ,,Фокус” Тодевска раскажува дека верува во Васил и во неговите способности и талент.

-Васил е неверојатен артист и верувам дека песната која што е избрана да ја пее на Евровизија ќе го потенцира неговиот талент за пеење и танцување.
Навистина сум горда што беше дел од мојот евровизиски тим минатата година и знам дека тој и неговиот тим ќе го дадат максимумот да ја претстават Македонија во најдобро можно светло – ни изјави Тамара.

Додава дека во мислите ќе биде со него за време на целото евровизиско патување, со искрена желба тој да се врати со голем успех од настанот. Во свој стил вели – Му ја пуштам целата среќа на овој свет!

65-то издание на Евровизија ќе се одржи во арената ,,Ahoy” во Ротердам, Холандија. На 12-ти и 14-ти мај ќе се одржат полуфиналните вечери, а пак финалето е закажано за 16-ти мај. Ќе се натпреваруваат 41 држава. Годинава се враќаат Бугарија и Украина по претходно отсуство, а пак Црна Гора и Унгарија нема да учествуваат.

Вики Клинчарова: Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...