25.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаЕстрадаПанчо од ДНК „падна“ за шверц со дрога, па заврши во затворот...

Панчо од ДНК „падна“ за шверц со дрога, па заврши во затворот во Куманово. (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Панчо приведен во голема полициска акција за шверц на дрога! Недоволниот прилив на средства и љубовта кон саканата го натерале да се впушти во бизнис со дрога, кој наместо пари за лекување му донесе петгодишна затворска казна! Истата Панчо е спроведен да ја издржува во затворот во Куманово…

<

Ако веќе ништо не ви е јасно – полека!

Панчо микрофонот не го остави настрана за да стане дилер, ова е само приказната во новиот спот за песната „Денови во ноќи“.

– Идејата е да се испрати порака до младите дека треба да им се каже НЕ на сите пороци, но и дека не треба да потпаѓаме под влијанија, особено кога сме пред искушенија и тешки животни предизвици. Дека треба да веруваме во себе и да бидеме истрајни во своите желби и планови, велат Панчо и Андреј.

„Денови во ноќи“ веќе е лесно да се претпостави е со потписите на Панчо и Лазар Цветковски чии се музиката, текстот и аранжманот, додека за екранизацијата на приказната се погрижи, исто така, проверениот и маестрален соработник на ДНК, охриѓанецот Даниел Јовески. Дел од видеото уште се и Роберта Цветковска на која и припадна улогата на девојката, Стефан Хајредин го глуми дечкото, Игор Петрески е дилер, Ристе Филипов – инспектор, а Елена Стојческа – инспекторка.

– И оваа песна е нешто во што навистина веруваме и нешто околу што навистина се потрудивме. Благодарни сме на сите кои ни помогнаа особено во реализацијата на видеото затоа што истото го снимавме додека земјата беше во карантин и на сила беше полициски час, велат момците и уште еднаш упатуваат посебна благодарност до Министерството за правда и директорот на управата за извршување санкции Марјан Спасовски, КПУ Затвор Куманово и директорот Ненад Цветковиќ, како и клиниката Жан Митрев и Микел кафе.

А што се случило после 5 години, односно по излегувањето од затвор откријте во новото видео:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...