19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПропусти во изградбата, проблеми со инфраструктурата, пресечени цевки за кислород - скандали...

Пропусти во изградбата, проблеми со инфраструктурата, пресечени цевки за кислород – скандали кои му претходеа на пожарот во Тетово

Катастрофалната трагедија во Тетово отвора нови сомнежи. Додека обвинителите и форензичарите испитуваат кои се причините поради кои изгоре модуларната болница, и однесе 14 жртви – јавноста чека одговори, а остануваат отворени многу прашања.

Модуларната болница,иако беше изградена меѓу првите, уште во јануари, не беше отворена до втората половина од април. На денот на отворањето на модуларната болница, економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми информираше дека биле утврдени грешки при изградбата. Етеми  побара од фирмата изведувач да ги отстрани пропустите, и покрај тоа што фирмата изведувач претходниот ден го предаде објектот на Министерството за здравство и тетовската клиничка болница. Додека се нижеа ковид случаи во Тетово, а одделенијата во клиничката болница преполни со пациенти, јавноста се надеваше дека отворањето на модуларната болница ќе ја олесни работата на здравствените работници – надлежните тогаш смируваа дека грешките биле мали, и се очекуваше да се санираат во рок од пет дена.

Проблемите не застанаа тука – 23 август во клиничката болница имаше оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите. За среќа, тогаш немаше последици по пациентите. Оштетени беа две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект, односно ургентно-дијагностичкиот центар.

Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти“, изјави тогаш д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клиничката болница.

Од тетовската полиција тогаш информираа дека со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората  за азотен оксидол била свиткана“. После една недела, полицијата уапси 42-годишно лице од селото Желино како осомничен за оштетување на цевките во болницата, но јавноста не дозна детали за мотивот на осомничениот.

Сепак, форензичарите и обвинителите се очекува да истражат, дали овие случаи имаат некаква поврзаност со трагедијата

Инаку, тендерот за изградба на 17 модуларни болници во земјава, меѓу нив и тетовската, минатата година ги доби велешката фирма „Брако“ заедно со валандовската „Ари и Том“. Преку заем од Светската банка, државата за таа намена им исплати 3,6 милиони евра.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...