6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаАвстралијаКако да го заштитите менталното здравје за време на пандемијата од Covid...

Како да го заштитите менталното здравје за време на пандемијата од Covid 19

Австралиската Македонска Добротворна Организација од НЈВ (порано познато како Македонско Австралиска Добротворна Организација од Сиднеј) чија главна канцеларија се наоѓа во Kogarah, во рамките на разните проекти, покарај другите програмски активности, продолжува со објавување на артикли во нашите ценети и реномирани македонски весници/Mагазини.

На овој начин, би сакале, сите членови во македонската заедница кои учествуваат во проектите, како и пошироката македонска заедница, редовно да бидат информирани на разни теми.

Во ова издание ќе зборуваме за Како да го заштитите менталното здравје за време на пандемијата од Covid 19

Во овој период на неизвесност, кога начинот на живот се смени за кусо време поради пандемијата на корона вирусот (Covid 19), чуствата на збунетост, вознемиреност, нерасположеност, загриженост за ново настанатата состојба, која често се менува и желба се да се врати во нормала, се нормална реакција на еден ваков несекојдневен настан. Но секако во ова не сме сами.

И покрај промените во животот, како што се рестрикциите, кои овозможуваат да сезабави ширењето на корона вирусот, важно е да се запамти дека постојат многуактивности со кои може да се зачува менталното и физичкото здравје. Еве некои од нив:

Останете активни

Вежбајте редовно и изберете активности во кои уживате; пешачење, таи-чи, џогирање, јога. Секако може да вежбате во затворен простор или на отворено, но запамтете дека треба да се држите на растојание од 1.5 метри од другите. Вежбањето го подобрува вашето ментално и физичко здравје.

Хранете се здраво

Здравата исхрана е добра за менталното и физичкото здравје. Консумирањето наразлично овошје, зеленчук и друга храна богата со растителни влакна, како например јадења кои уклучуваат кафеав ориз, овесни снегулки (oats) или трици(bran), леќа, грав и леб од интегрално брашно.

.Ограничете го користењето нанездрави грицки и пиењето на пијалоци кои содржат многу шеќер, нездравимаснотии и сол. Нездравите грицки оставаат помалку простор за здравата храна која ви е потребна за да го подобрите расположението, нивото на енергија, варењето на храната и спиењето.

 Останете во контакт со другите

Одржувањето на контактот со другите во овие моменти на пандемијата на коронавирусот е многу важна за одржување на менталното здравје. Контактот сосемејството и пријателите во овa време на предизвици може да се одржува преку телефон и интернет. Споделувајте ги вашите чувства со најблиските и лицата одвашата заедница, на кои им верувате, и инспирирајте ги и тие да го направат тоа.

Почитувајте ги рестрикциите за посета и физичко дистанцирање дадени од владатана НЈВ. Кога посетувањето на семејството и пријателите ќе биде одобрено, не одете во посета ако не се чуствувате добро.

Понекогаш, одморите од читање, гледање и слушање вести, вклучувајќи ги и социјалните медиуми

Иако социјалните медиуми можат да ви помогнат да останете во контакт со другите,сепак понекогаш пратењето на вестите за настаните во земјава и светот може дабиде многу стресно. Доколку сте под стрес поради најновите вести, ограничете гопристапот до нив на еднаш или двапати во денот. Подобро е да користите доверливи и веродостојни извори на информации, отколку социјалните медиуми.

Доколку немате пристап до интернет, побарајте пријател или роднина да ви ги прочита или покаже најновите веродостојни информации.

Држете се до рутина

Направете редовна рутина за спиење и јадење. Однапред планирајте го денот за да имате време да ги направите домашните работи, да останете во контакт со другите,да ги правите активностите во кои уживате и, секако, да се одморите.

Обрнете внимание на вашето ментално здравје и благосостојба

Важно е да ги следите знаците за добро ментално здравје и благосостојба, зошто многу често, во овие моменти на предизвик, може да се појават знаци дека менталното здравје е нарушено. Добро е да го пратите и однесувањето на членовите на вашето семејство, пријателите и соседите, кои може да бидат загрижени или под стрес. Најчестите знаци дека вашето ментално здравје или менталното здравје на најблиските почнува да се нарушува се: тешкотии при концентрирање, слаб сон ичуство на вознемиреност или преоптовареност.

Појавувањето на некои од овие знаци покажуваат дека е време да се побара помош.

Доколку одпорано се справувате со проблеми во менталното здравје, продолжете да ги земате препишаните лекарства и следете го планот на лекување. Ако имате дополнителни потешкотии, побарајте професионална помош порано.

Побарајте помош и поддршка

Ако се чуствувате под стрес или сте вознемирени, немојте да се плашите да поразговарате со некого во кој имате доверба. Можете да разговарате со членови на вашето семејство или со пријателите. Секако дека нема да преставувате товар за нив.

Ако се чуствувате преоптоварени или вознемирени можете да разговарате и со обучен советник во било кое време или ден ако се јавите на Coronavirus Mental Wellbeing Line (телефонска линија за помош околу менталната благосостојба во време на коронавирусот) на 1800 512 348.

Доколку ви е потребен преведувач преку телефон, за бесплатни услуги, јавете се 13 14 50 и кажете им кој јазик ви е потребен.

Потоа, замолете го преведувачот да ве поврзи со Coronavirus Mental Wellbeing Support Service (Служба за поддршка околу менталната благосостојба во време на коронавирусот). Доколку се чуствувате неспособни да продолжите со вашиот секојдневен живот, контактирајте го вашиот локален доктор од општа пракса (GP).

Лихнида Бахчанџиева-Тасеска

Координатор на проектот

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...