26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаЕстрадаМакедончето е со слабо помнење: Ја заборавија химната, па цела сала...

Македончето е со слабо помнење: Ја заборавија химната, па цела сала пееше заедно со Тамара на „Макфест“, а таа со солзи во очите!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поп пејачката Тамара Тодевска настапи вчеравечер на „Макфест“ во ревијалниот дел. Таа направи вистинска забава за публиката која во еден глас пееше со неа. Публиката со дочека со аплауз, иако изминатиов период Тамара беше во центарот на вниманието откако не отпеа дел од химната на Македонија во Американската амбасада.

<

Работата отиде дотаму што таа ги откажа концертот во Охрид и настапот на Пиво фест. Сепак, откако се повлече од јавноста сега повторно се врати на сцената. Овој пат во Домот на култура во Штип, целата сала заедно со Тамра во еден глас ги пееше евровизиската „Praud“, но и „Немирна“, „Седмо небо“, „Шила“, „Довидување таго“. Ги изведе заедно со Роберт Билбилов кој ја придружуваше на клавијатура.

„Пред 28 години заедно со легендарните Маријана и Росана, го имав свој прв настап на Макфест. Имав само 6 години. Се сеќавам, Зерина Цокоја ми пријде пред самиот настап и ме праша – Имаш ли трема? – Што е тоа трема?, и одговорив. Денес, по неколку годишна пауза повторно настапувам на Макфест, но овој пат во ревијалниот дел. Пеперутките сѐ уште се тука а и магијата. Ви благодарам што сте покрај мене и што верувате во мене. Заедно продолжуваме да креираме магија, напиша Тамара.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на загинатиот тапанар од ДНК до Сиљановска, Мицкоски и Тошковски: Немате срца, бирајте месец но на 16-ти дајте оставки

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК Георги Георгиев, на денешниот протестен марш во Кочани упати остри пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, до премиерот...

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...