28.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаЕстрадаВидео: Која е девојката од спотот на „Некст тајм“?

Видео: Која е девојката од спотот на „Некст тајм“?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Веќе неколку дена на You tube  каналот е актуелно  новото видео на „Некст тајм“  преработката на македонската фолк  песна „Прошета се Јовка – кумановка“,  сигурно многумина од вас се запрашаа која е прекрасната девојка која го толкува ликот на Јовка?  Одговорот  на ова прашање стои напишан уште на најавниот промотивен плакат за спотот, а на него името на Викторија Пеовска.

<

За оние кои го следат спортот, особено оној, најтрофејниот во Македонија, нејзиното име не е непознато. Таа, пишува Вистина.мк, е ракометарка на женската екипа на ЖРК Куманово и македонска ракометна репрезентативка.

Ангелски лик со сето останато што мајка – природа како атрибути и го дала. Од висина, до рамна снага и става, долги нозе, крупни очи, полни усни… Едноставно речено, убавица од веѓи до глуждови, која кога ќе се се појави на паркетот се претвора во вистински спортски ѕвер! Упорна, борбена, прецизна, вистински лидер на тимот на теренот! Но, згодната и атрактивна кумановка, пак затоа надвор од спортскиот терен е вистинска атрактивна, секси убавица, која не е само успешен спортист.

Имено, Викторија Пеовска својата спортска популарност и убавина спојувајќи ги во едно ги користи како модел. Така, неодамна згодната ракометарка стана заштитно лице на еден познат македонски бренд за душеци и перници. Кумановската фирма која извезува и во странство го направи вистинскиот избор одбирајќи ја својата кумановка за  модел кој ќе ги рекламира нивните производи! Како што „Некст тајм“ ја одбраа да биде нивната „Јовка – кумановка“…

Но, ова не и е прва улога во музички спот на Викторија. Оние кои ја следат македонската музичка сцена и имаат добро паметење, веројатно се сеќаваат на прекрасната балада „Дал има?“ на Александар Тарабунов – Тара од 2016 година и жешките кадри во видеото на сексапилната, тогаш помалку позната Викторија  Пеовска!

Исто како и во новата визуелизација на „Јовка – кумановка“ на „Некст тајм“, каде убавата Македонка исто така го покажува сиот свој телесен раскош, преточен во суптилна еротика низ  уметничкото видување на естетиката на голото тело на расната кумановка во бистрите води. Викторија Пеовска спортски ѕвер во лик на убавица или Јовка – кумановка,  „ѕвер“ од убавина… како сакате!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...