1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаЕстрадаБЛАГОЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ТУШЕ: ДОБИВ ЗАКАНИ БИДЕЈЌИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА !!!

БЛАГОЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ ТУШЕ: ДОБИВ ЗАКАНИ БИДЕЈЌИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА !!!

spot_img

Фолк пејачот Благојче Стојановски Туше важи за еден угледен пејач како во Македонија, така и во Австралија. Тој неодамна се соочи со обвинувања од Новинарот С.Д кој е уредник и сопственик на еден охридски портал.

Туше проговори за Шило Магазин:

Најпрвин, поздрав до редакцијата и благодарност што ми овозможивте на некој начин да се одбранам од овие обвинувања, кои што се неосновани и немаат никаква допирна точка со мене. Сето ова започна со една моја објава дека сум против тоа што се постави албанско знаме на тврдината во Охрид и никого лично не навредив.

(А, не знам дали постои Македонец што се восхитува на тоа што се случи во Охрид)

Дотичниот се најде затекнат и почна да навредува на објавата по што јас го избришав неговиот коментар и го блокирав да не може повеќе да пишува и да навредува на моите објави.

Не сакав да паѓам на тоа ниско ниво и не сакам да го навредувам како што тој ме навреди, немам потреба од тоа зошто не постои човек во Охрид, Ресен, Битола и пошироко кој што кажал убав збор за овој таканаречен квази новинар.

Јас работам како естраден уметник повеќе од 25 години, мојот статус е регулиран како кај секој нормален граѓанин во Македонија. Имав моја фирма до пред 4 години во Ресен и преку таа фирма ми течеше стаж,плаќав осигурување и пензиско и здравствено и сите обврски.

Во целата објава на дотичниот точно е само дека имам стан во Австралија, а се друго што напишал е лага и за тоа е покрената тужба против него бидеќи ги имам во евиденција сите негови закани и невистини кои што ги напиша деновиве на социјалните мрежи.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...