4.9 C
Ohrid
вторник, февруари 11, 2025
ПочетнаСпортЛиверпул ја освои Лигата на шампионите

Ливерпул ја освои Лигата на шампионите

spot_img

Ливерпул со 2-0 ја доби пресметката со Тотнем во Мадрид, „црвените” ја завршија фантастичната сезона со трофеј и се радуваат на триумф во Лигата на шампионите.

<

По само дваесетина секунди игра на Ванда Метрополитано се случи спорна ситуација, топката го погоди Сисоко во рака а судијата покажа на белата точка и покрај тоа што фудбалерот на Тотнем немаше намера и топката го удри најпрво во гради па потоа во рака.

Мохамед Салах ја искористи најстрогата казна и донесе водство од 1-0 за „црвените“. Веројатно сите очекуваа раниот гол да донесе отворен фудбал и атрактивна пресметка, но двата тима потфрлија во продолжението.

Шансите беа малку, Алисон и Лорис немаа многу работа. „Спарси“ дури во 80. минута на тест го ставија Бразилецот со два шута, најпрво од далечина распали Сон а потоа и Лукас, кој лошо ја закачи топката и биеше по земја и по средината од голот.

Ериксен се обиде да го изненади Алисон од слободен удар од косо, но голманто повторно беше на висината на задачата.

Мечот сепак беше решен предвреме, со гол на Ориги, кој оваа сезона постигна неколку клучни погодоци. По еден корнер, Тотнем лошо расчисти, а напаѓачот прецизно биеше по земја за 2-0.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мухамед Зекири се прости од убиениот во Чаир: Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син

Екс генералниот секретар на владата на Заев Мухамед Зекири преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од убиениот во ноќешната престрелка во Чаир и откри...

Фото: Убиениот е син на поранешен функционер од ДУИ

Во полноќното пукање во Чаир едно лице загина, додека друго беше повредено. 4news.mk дознава дека убиениот е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на Екрем Буњаку од...

Детали за убиството во Чаир: Се скарале во сообраќај па извадиле пиштоли и почнале да се пукаат

На 10.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала...

Пукано во членови на семејство на функционер на ДУИ, едно лице починало, другото е рането

Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што рано изутрина се случила во населбата Топанско поле во Скопје. Според информациите на Канал...