14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПО ИЗЈАВИТЕ ОД БУГАРИЈА Реакција на македонски историчари: Делчев оставанува во македонските...

ПО ИЗЈАВИТЕ ОД БУГАРИЈА Реакција на македонски историчари: Делчев оставанува во македонските учебници, нема пазар со него

Ако бугарската страна инсистира да се напише дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, тогаш нема да биде постигнат никаков резултат во поглед на тоа прашање, вели Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја и шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовани прашања, формирана согласно Договорот за доброседство.

 

Во изјава за ТВ Сител Ѓoргиев вели дека во македонските учебници Гоце Делчев ќе остане македонски револуционер и никако нема да се прифати тој да биде признаен како бугарски револуционер.

Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, министри во бугарската влада, деновиве изјавија дека Македонија мора да признае дека Гоце Делчев бил Бугарин и се заканија со попречување на македонското членство во ЕУ доколку тоа не се прифати.

На ова реагираше и историчарката Наташа Котлар која вели дека „апостолот на македонската револуционерна борба, Гoце Делчев, е мaкедoнскa истoрискa личнoст и не мoже дa се пaзaрите зa негo! Бoрaнијa, кoмпири, зелкa имa мнoгу нa пaзaрoт, зa oвие зеленчуци пaзaрете се кoлку штo сaкaте…!“, напиша Котлар.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...