9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаЗабаваОткриено зошто нема петокрака на гробот на Тито? Еве што побарал пред...

Откриено зошто нема петокрака на гробот на Тито? Еве што побарал пред смртта

spot_imgspot_img

Маршалот, претседател и лидер на Југославија и денес е контроверзна личност во бројни кругови на поранешната држава.

Децении по погребот на Јосип Броз Тито и натаму се редат бројни теории за неговиот живот и смрт. Една од тие, неразрешени мистерии е и зошто на гробот нема петокрака, симболот под кој војувал и владеел со години. Најверојатното објаснување лежи во фактот дека проектантот на мавзолејот, инженерот Драгомир Гавриловиќ, бил импресиониран од едноставните надгробни плочи во Англија. Таму видел дури и дека на големиот Вилијам Шекспиор на гробот му ги пишува годините на раѓањето и смртта, покрај името и презимето. Па така и за Јосип Броз Тито ставил натпис во таков стил.

Друга теорија раскажал внукот на Тито, Јосип Јошко Броз пред неколку години за порталот znet.hr:

“Затоа што поради грешка при погребот кога била правена првата варијанта не била ставена плоча, туку била од два дела како кутија пресечена на половина. А потоа не можело да се стави петокраката, бидејќи ќе седела на средина и ќе била искривена. После тоа сосема се заборавило на тоа”.

Третата, многу поинтересна и помалку веројатна теза, тврди дека Тито бил таен верник. Во својата книга “Чудесниот живот на Јосип Броз Тито”, словенечкиот книжевник Жарко Петан тврди дека Тито пред смртта во љубљанската болница во 1980-та година побарал свештеник.

“Додека Јосип Броз лежел во љубљанскиот Клинички центар”, пишува Петан, “во февруари 1980-та година, посакал да разговара со свештеник! Задачата црквата му ја доделила на Франчек Крижник, тогаш познат и како јавен противник на атеизмот. Крижник го прифатил повикот од Клиничкиот центар, но безбедносната служба на чуварите на Тито не му дозволила приод. Кога Броз ја повторил желбата, свештеникот дошол и долго разговарал со Тито. Наскоро, во март, Крижник отишол на студиско патување во Германија, каде на 28-ми март загинал под нејасни околности, под тркала на камион во Дизелдорф. Очигледно приказната за состанокот припадниците на КОС сакале да ја прикријат”, заклучил Петан.

“Месец-два од излегувањето на мојата книга за Тито – “Веселиот диктатор”, на лето во 1994-та година, во поштата пронајдов анонимна порака под наслов Дополнување за книгата “Веселиот диктатор”. Се однесуваше на настанот со свештеникот во Клиничкиот центар… До денес не најдов ниеден доказ, но дојдов до информацијата дека Франчек Крижник отпатувал во странство бидејќи во Словенија го прогонувале, а кај Дизелдорф на прав пат удрил во камион”. Па иако Петан признава дека нема цврсти докази, низата детали од биографијата на Броз се поклопуваат со неговото откритие и мислење дека Тито бил склон кон христијанството.

Дека Тито бил таен верник и христијански мистик, зборуваат и некои сведоци. Еден од нив бил и Џилас. Враќајќи се од погребот на Кидриќ, со Синиот воз во Белград, Џилас со потсмев зборувал за задгробниот живот. Тито остро го прекинал: “Не зборувајте за тоа! Кој знае што е тоа!”. Кога го кремирале телото на еден негов близок соработник, Тито рекол дека требало да биде погребан на стар христијански начин.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...