5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЕстрадаМузичка група Црешово Топче Крушево успешно се пробива на страдата со нови...

Музичка група Црешово Топче Крушево успешно се пробива на страдата со нови изданија

Вгнезден во питомите падини на Баба Планина, речиси скриен во длабнатините на една раковидна пазува, отворен само на североисток, оддалечен само 30 км од Прилеп, горе на 1250 метри надморска височина се наоѓа еден град востаник, град музеј, град Крушево. Ретки се местата со толку богата историја, со толку славно минато и со голем број историски, културни и други вредности како што е Крушево.

 Во тоа историско место како млади, амбициозни и музички етузијасти некаде во 2004 година е формирана групата Црешово Топче,

 

Кои се членовите на групата и нешто околу името

  1. Васко Јанкуловски-клавијатура и вокал
  2. Љупчо Богатиновски-труба и вокал
  3. Игор Ивановски-кларинет и саксофон
  4. Ѓоко Костоски-хармоника и вокал
  5. Сократ Хасану-бас гитара и вокал
  6. Зоки Настески-тапани

Групата името го доби по легендарното Црешово Топче кое е симбол на Крушевската Република и борбата за слобода на македонскиот народ.

 

Како сте прифатени од публиката

Од самите почетоци како музичка група бевме одлично прифатени секаде каде сме настапувале што претставуваше дополнителен стимул и мотив да продолжиме со она што најдобро го правиме а тоа е претставување на македонската музика меѓу сите луѓе и на еден посебен начин да ја да донесеме среќа и радост кај оние кои не слушале.

 

Каде сте настапувале досега

Во изминатиот период од Нашето постоење сме имале бројни настапи како низ цела Македонија така и надвор од нашите граници меѓу иселениците кои живеат во Германија, Швајцарија, Австрија, Хрватска, Србија и многу други земји каде со аплаузи и восхит сме биле прифатени од сите добронамерни луѓе. На посебен романтичен начин со песна сме крунисале многу бракови низ цела Македонија.

 

Фестивали 

Групата Црешово Топче има учествувано и на неколку фестивали како што се Гоце Фест, Фолк фест Спасовден и многу други, како и гостување на покана на национални телевизиски куќи, во многу музички емисии.

Од телевизиското гостување

Ново творештво

Во тек е проектот за издавање на CD на групата Црешово Топче со новокомпонирани песни, а како наши соработници особено ги истакнуваме:

  1. Рубин Димкоски “R Music Studio” – студио и продукција
  2. Славко Ристески “Pro Sound” – студио и продукција
  3. Душко Темелкоски – текстописец
  4. Кире Гаралоски – аранжерист
  5. ИН продукција

Промоции

Последна промоција имавме пред околу еден месец на две нови композиции, и тоа една песна насловена „Една Марија“ која музика ја напиша Љупчо Богатиноски, текст на Душко Темелкоски, аранжман и продукција на Рубин Димкоски, како и орото насловено „Funky 9“ (Фанки деветка) на музика од Љупчо Богатиноски, аранжман Кире Гаралоски и продукција Рубин Димкоски за кои исто така во соработка со ИН телевизија снимени се и видеозаписи кои на Наше огромно задоволство добивме пофални зборови од сите кои ги слушнале и виделе

 

Спотови

 

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...