14.9 C
Ohrid
среда, април 30, 2025
ПочетнаМакедонијаДен нема глупост да не направат: Министерството за здравство ќе купува 80.000...

Ден нема глупост да не направат: Министерството за здравство ќе купува 80.000 лубриканти на база на вода и без мирис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на 80.000 лубриканти, а согласно програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција, пишува vecer.press.

<

Јавниот оглас е распишан денеска во Бирото за јавни набавки, каде се дадени техничките спецификации. Се работи за подмачкувачи изработени 100% на база на вода, без мирис, без вкус и без боја, без алкохол и без силикон,не петрохемиски производ. Пакување од 3мл до 5 мл, лесни за отворање и погодни за патување и секојдневна употреба. Рок на употреба најмалку од две години, сметано од денот на испораката.

Економскиот оператор да има обезбедено одобрение за запишување во Регистарот на медицински средства издадено од Агенцијата за лекови и медицински средства -МАЛМЕД.

Како што стои во објавениот тендер главен критериум за доделување на договорот е најниската цена. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите.

Краен рок за доставување на понуди е 4.септември 2019 година во 12:00 часот во Министерството за здравство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а немаше воздржани. Интерпелацијата што...

Запален домот на Александар Пандов !!

Запаленa е куќата на Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции- Oва е цената за удирањето по мафијата, никој не е над законот. Директорот...

Маж од Прилеп му го украл пиштолот на полицаецот додека го приведувал и избегал.

Маж од Прилеп му го украл пиштолот на полицаецот додека го приведувал и избегал. Полициски службеници од ОВР Прилеп, додека вчера постапувале по наредба од...

Општина Дебрца ќе додели 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.

Општина Дебрца ќе додели 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани. Советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука...