4.9 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаUncategorized @mkВо најголемата општина во Маврово нема ниту едно прваче

Во најголемата општина во Маврово нема ниту едно прваче

Во долнореканското село Велебрдо, едно од најголемите во општина Маврово и Ростуше за новата учебна година не е запишано ниту едно прваче. Истата судбина ја  дели и селото Јанче.

Ова за МИА го изјави Илбер Имероски одговорен во секторот за образование во општината.

– За учебната 2019/2020 година во четирите деветолетки и нивнте подрачни учлишта, запишани 57 првачиња, што е речиси на исто ниво како и  минатата учебна година. Но, за прват нема првачња во подрачните училишта во споменатите две села – вели Имероски.

Од вкупниот број најмногу првачиња или 31 има во ООУ„Блаже Конески“ во село Скудриње, од кои 17 во училиштето во ова село, 10 во подрачното училишта во селата Присојница и четири во Аџиевци.

Во ООУ „Ѓорѓи Пулески“ во Ростуше запишани се вкупно 15 првачиња, од нив 12 во училиштето во Ростуше и три во подрачното училиште во Требиште.

Во склоп на ООУ„Јосип Броз-Тито“ во Жировница, во кое функцонираат и две подрачнi училишта запишани се осум првачиња, од нив во Жировница четири, каде наставата се изведува на македонски наставен јазик, како и во селото Врбјани и во Сенце четири на албански наставен јазик, додава Имероски.

Во ООУ„Денче Дејаноски“,во Маврови Анови запишани се три првачиња, едно во училиштето во Маврово и по едно во двете подрачни училишта.

Намалувањето на бројот на првачињата, но и на учениците во целина во оваа општина е поради масовната миграција на жителите, пред се во западно европските земји, а дел и во Гостивар и Скопје.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби битката со болеста. Неговата...

Итно се потребни средства за операција на тумор на мозокот на малата Тијана

На 8-годишната Тијана Дунгевска и е дијагностициран тумор на главата и беше итно оперирана на Неврохирургија во болницата Мајка Тереза во Скопје. Молба во името...

Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога...

Семејно насилство во Скопје: Жена си ги истепала сопругот па потоа му привлегла и на свекорот!

На 10.11.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж пријавил дека на 08.11.2024 околу 23.00 часот во семејниот дом во скопско, тој и...