7.9 C
Ohrid
недела, март 23, 2025
ПочетнаМакедонијаАДВОКАТОТ СТЕВАН ПАВЛЕСКИ СЕ ОТКАЖА ОД КАТИЦА ЈАНЕВА

АДВОКАТОТ СТЕВАН ПАВЛЕСКИ СЕ ОТКАЖА ОД КАТИЦА ЈАНЕВА

spot_img

двокатот Стеван Павлески, кој дојде на распит со осомничената Специјална обвинителка Катица Јанева во Обвинителството за организиран криминал, а потоа ја бранеше кај судија на претходна постапка од мерката притвор, ѝ го откажал полномоштвото.

<

„Точно е дека го откажав полномошното на госпоѓа Јанева, продолжувам да ги застапувам моите досегашни клиенти во предметите на Специјалното обвинителство“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК адвокатот Павлески, кој е поранешен Државен обвинител.

Тој денеска дојде на судењето на „Траекторија“ за кинеските автопати, каде што го брани обвинетиот ексдиректор на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски. Павлески е адвокат и на осомничениот во „Империја“ Цветан Панделески, што значи во две обвиненија на СЈО, поднесени од Јанева.

ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЈАНЕВА ЌЕ СЕ РАСПРАВА В ЧЕТВРТОК, ИЛИЈА ДИМОВСКИ БАРА КОМИСИСКАТА СЕДНИЦА ДА БИДЕ ЈАВНА
На 22 август, по притворањето на Јанева, шефицата на ОЈО за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, која ја води истрагата „Рекет“, изјави дека Павлески има конфликт на интереси и оти не може истовремено да биде бранител и на Катица и на обвинети од неа.

Рускоска кажа дека на нејзино инсистирање, адвокатската канцеларија на Павлески си зела обврска едното од полномоштвата да го откаже и оти изборот паднал на Јанева. Павлески тогаш се изјаснил дека повеќе нема да биде адвокат на Георгиевски и на Панделески, но според денешниот негов ангажман, се виде дека одлучил спротивното да го направи.

По притворањето на Јанева, Павлески како нејзин бранител кажа дека таа сепак не оставила впечаток кај него дека е обвинител кој секогаш инсистирал на мерка притвор.

„Јанева е човекот кој гледаше либерално на притворот. Таа е единствената која дозволуваше куќен притвор, враќање на патните исправи… Погледнете ги одлуките на Одделението за организиран криминал – тие немаа такво искуство. Ете тоа некој го зема за зло. Таа е жртва во случајот и ќе го докажеме тоа“, рече тогаш Павлески.

С. К. ДЕЛЕВСКА

SDK.MK
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници

МениЛибертас Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници 23.03.2025 13:36 115 1 минута читање На Универзитетската клиника за хируршки болести...

Бугарскиот пратеник Пејков, вчера пристигна во Кочани да ги предаде собраните пари

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања на својата фондација „Манол Пејков и пријатели“ собра околу 54.000 лева,...

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“ „Мамо, сакам да бидам дома,...

Општина Охрид ќе додели финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за...