20.3 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаСветСлепо 11-годишно девојче истрча маратон следејќи го гласот на мајка си

Слепо 11-годишно девојче истрча маратон следејќи го гласот на мајка си

Понекогаш победата воопшто не е важна. Таков е случајот со 11-годишната Вакана Уеда, која и покрај тоа што е слепа, успеа да го заврши маратонот во Хонолулу.

На упорното девојче му беа потребни 14 часа, 3 минути и 12 секунди за да стигне до целта и да ја скине лентата украсена со цвеќиња. Вакана во текот на целата трка го следела гласот на мајка си која ја водела кон целта.

Вакана УедаВакана Уеда со својата мајка

„Пред ознаката за половина маратон, таа имаше грчеви во ногата и многупати размислуваше да се откаже. Но, затоа што нејзиниот тим ја поддржуваше, таа успеа да го заврши маратонот“ – изјавила нејзината мајка.

Вакана УедаВакана во прегратката на мајка си

Оваа трка е петтиот по големина маратон кој се одржува во САД, а Вакана беше меѓу 19-те илјади луѓе кои успеаја да ја преминат целта. Иако оние кои први ја завршија трката долга 42 километри беа веќе заминати кога Вакана ја премина целта, самото нејзино завршување е голема инспиративна победа.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...