4.9 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаДали Велија Рамковски ќе е новиот директор на 1ТВ?

Дали Велија Рамковски ќе е новиот директор на 1ТВ?

Се прават обиди да се рестартира „1ТВ“, со продажба на телевизијата, откако неофрмалниот сопственик Бојан Јовановски познат како Боки 13 беше уапсен како осомничен во случајот „Рекет“.

Ексвработени во телевизијата за „А1он“ велат дека пред неколку дена биле на состанок, каде разговарале со човек кој се претставил како нов газда на телевизијата.

Истовремено, Бане Поповиќ сопственик на „Томато продукција“ која ги изнајмуваше просториите на „1ТВ“ за „А1он“ вели дека телевизијата е иселена од неговата зграда.

Но вчера на Јутјуб се појави видео со наслов „Духот на А1“ во кое Велија Рамковски, сопственикот на некогашната национална телевизија А1 имаше свое обраќање кон јавноста.

Ведриот и ентузијастички дух кај Рамковски се веднаш воочливи по пуштањето на видео материјалот, а тој во првиот дел од своето обраќање решава да ги сподели своите размлислувања за медиумите зошто како што вели тој “медиумите се еден од главните фактори за развивање на демократските процеси во секоја држава“.

Рамковски искрено и без влакна на јазикот вели дека медиумите во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски биле поделени на оние кои стравуваат дека ќе бидат затворени од страна на владејачката партија, како што било случај со А1 и оние кои биле наклонети кон власта.

Тој тврди дека за да има баланс и за да постои демократија во медиумите потребно е да има онакви кои ги прикажуваат добрите работи во државата, но и оние кои не ги кријат лошите работи затоа што се плашат дека ќе бидат затворени.

Во продолжение погледнете го целосно видео материјалот кој Рамковски го објави на својот Јутјуб канал:

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби битката со болеста. Неговата...

Итно се потребни средства за операција на тумор на мозокот на малата Тијана

На 8-годишната Тијана Дунгевска и е дијагностициран тумор на главата и беше итно оперирана на Неврохирургија во болницата Мајка Тереза во Скопје. Молба во името...

Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога...

Семејно насилство во Скопје: Жена си ги истепала сопругот па потоа му привлегла и на свекорот!

На 10.11.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж пријавил дека на 08.11.2024 околу 23.00 часот во семејниот дом во скопско, тој и...