19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонија''Несовесни струмичани испокасапиле коњ и остатоците ги фрлиле во канализациониот систем''

”Несовесни струмичани испокасапиле коњ и остатоците ги фрлиле во канализациониот систем”

Со ваков памет ќе останеме во место уште 1.000 години.

Несовесни струмичани деновиве испокасапиле коњ и остатоците ги фрлиле во канализациониот систем кои заглавиле во Пречистителната станица каде предизвикале матријална штета. Станицата била во прекин од неколку часа но во моментов работи. Надлежните истражуваат кој фрлал цели делови од животно во системот за одведување на отпадни води.

Остатоци од искапсапен коњ фрлен во канализациониониот систем предизвика неколкучасовен прекин на работата на Станицата за прочистување на отпадните води во Струмица. Паралелно предизвикана е штета на влезна решетка за отпадни води која работи на електромотори.

Според струмички комуналец уништени одредени делови кои се санираат но потребни се и дополнителни интервенции велат од комуналното претпријатие кои биле изненадени од несовесноста на гражаните. Случајот е пријавен кај надлежните од каде бараат расчистување на случајот.

Од Комуналец апелираа до гражаните за посовесно и поодговорно однесување кон канализационата мрежа бидејки не било првпат преку неа до пречистителната доажаат умрени и пцовисани животни.

Пречистителната станица во Струмица се градеше со средства од ЕУ во висина од 6.5 милиони евра а ја изведуваше германската ,,Вете – Е’’. Станува збор за современа станица во која е имплементирана најсовремена технологија за третман на отпадните води на чии објекти пред неколку месеци беа насликани мурали симболизирајки го значењето на водата.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...