7.8 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаМладо момче од Мaкедонија без дланки , го трогна жирито на германски...

Младо момче од Мaкедонија без дланки , го трогна жирито на германски „Суперталент“

Јозафат Раман, 17-годишен пијанист од Македонија без шаки и стапала, со својата
изведба на саундтракот за филмот „Реквием за сон“ го трогна жирито на
германското телевизиско шоу „Суперталент“ на РТЛ.
Сара Ломбарди низ солзи го проследи неговиот настап, а Дитер Болен вчудовиден
молчеше со фиксиран поглед врз кандидатот од Келн додека со неразвиените шаки
ги допираше клавишите на пијаното.
Раман, кој е роден и пораснал во Македонија, а веќе пет години живее во Германија,
се родил без шаки и стапала.
„Тоа е генетски дефект“, му објасни тој на жирито. „Немам целосни раце или прсти, а
исто така носам и протези на долниот дел од двете нозе“.
„Секогаш го правев тоа што го сакав. Сакам да покажам дека можете да направите
сè и покрај вашиот хендикеп. Сето тоа е прашање на волја. Треба само да вложите
многу работа и енергија“, додаде тој, откривајќи дека четири години свири пијано.
„Видов видео на Јутјуб и помислив: Би сакал да го сторам истото“, изјави момчето
со физички недостатоци, но со талент за музика.
Членката на жирито Ломбарди настапот на Раман ја потсети на тешкото време
поминато со синот Алесио, роден со срцева мана.
„Тој навистина крајно ме трогна, ме преплавија емоции“, рече таа, додавајќи дека
„луѓето родени на овој начин се вистински борци во животот“.
„Не мислев дека ќе биде можно со овие раце“, призна нејзиниот колега од жирито
Болен. „Ми покажа дека ако сакате да постигнете нешто, можете да го сторите тоа“.
Раман доби „зелено светло“ од сите три члена на жирито. Тој тукушто ги положи
завршните испити за десетто одделение и сега сака да заврши средно училиште, а
потоа да учи за наставник по музика. Како што вели, музиката е неговиот голем сон
во животот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тешка битка за живот: Готвачот од Канал 5, Антонио Јанковски бара помош.

Готвачот кој учествуваше во кулинарската емисија на „Канал 5“ сега се соочува со сериозна здравствена борба, дијагностициран му е рак, а истовремено страда и...

Севдије Коџа разрешена поради фалсификуван сертификат по англиски од Бугарија.

Општата болница со проширена дејност Дебар, од денеска има нов директор, дознава „Слободен печат“. Досегашната директорка на болницата педијатарката Севдије Коџа е разрешена од...

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф.

Жетва на пехари од “КОРЧА ОПЕН 2024 “ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф Викендов што помина на 09.11 2024 во , соседна Албанија се одржа ревијален...

Али Ахмети, упати нова закана: Ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова закана за масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот...