11.9 C
Ohrid
сабота, февруари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПотресно сведоштво на мајката и таткото на Јана – Родители чувајте си...

Потресно сведоштво на мајката и таткото на Јана – Родители чувајте си ги децата, ако имате пари одете да ги лечите приватно, Јаничка можеби ни ја зеде Господ за да спасиме некое друго дете.

spot_img

Додека се чекаат резултатите од обдукцијата на телото на шестгодишната Јана, девојчето кое почина во битолската болница, нејзините родители во потресна изјава за Сител, раскажаа што се случувало, откако малата Јана примила инфузија.

<

„Прво додека девојчето ја примаше инфузијата, си заспа, и се беше во ред. Му се врати бојата, и му се стоплија рацете, бидејќи претходно му беа ладни. Кога дојде инфузијата до пола, девојчето почна да се жали на болка во стомакот и во нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука, дека работи. Ја викнав сестрата, таа рече дека е нормално да има грчеви, од што повраќала. И потече раката. Докторката и ја помести инфузијата на другата рака. Девојчето се тресеше од болки. Сестрата ни рече дека ќе дојде докторката, само да заврши работа. Девојчето цело време велеше дека има болки и не може да издржи повеќе, јас и ја држев раката, за да не се измести инфузијата. А докторката не дојде ни еднаш да праша како е Јана“, вели мајката.

Кога девојчето веќе не можело да издржи од болки, вели мајката, ги замолила младите што доаѓале на пракса да одат да ја викнат докторката, бидејќи имало уште малку од инфузијата.
Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...