20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЗошто Заев и Пендаровски кријат за средбата со Сорос во Охрид и...

Зошто Заев и Пендаровски кријат за средбата со Сорос во Охрид и како државната полиција стана приватна?

Во текот на вчерашниот ден метеж на Охридскиот аеродром, блокирани улици, сообраќајна полиција на секои стотина метри, присуство на луѓе од Шестата управа. Вип третман, скапи автомобили, и приватен авион на Охридскиот аеродром, за група патници кои допатуваа и се сместија во хотелот „Јуник“ во Охрид. И сето ова не се однесувало на денешната трилатерална средба Заев, Вучиќ и Рама.

Дознаваме дека ваквиот трерман бил наменет за синот на контроверзниот бизнисмен Џорџ Сорос, Александер Сорос, кој придружуван од четири соработници, остварил тајни средби со македонскиот државен врв: премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски.

Дека станува збор за тајна средба на премиерот и претседателот со синот на шпекулантот милијарер Сорос говори и фактот што за средбата не беа известени ниту медиумите, и спротивно на декларативните заложби за отворена влада, ваквата средба се одвиваше далеку од очите на јавноста и Владата воопшто не извести за неа.

Игри зад кулисите и зошто Заев ја крие оваа средба?

Според неофицијални информации до кои дојде Република, со Алекс Сорос допатувале неговите соработници Зак Греам, Лаура Дилбер , задолжена за комуникации и пропаганда на мрежата Сорос, Томас Обрајан и Гибсон.

Неофицијално, теми на тајниот состанок биле:

1. Злоупотреба на средства на Сорос кои претходно биле дадени на користење на власта, а кои биле употребени низ сомнителни канали и без видлив резултат.

Упатените велат дека подолг период се врши интерна проверка во Организацијата на Сорос и следење на случај за можна злоупотреба на финанскиски средства од страна на челни луѓе од власта во Македоника.

2. Конкретизирање и дефинирање на мрежа за фино корумпирање на медиуми и влијателни личности кои треба да и помогнат на власта и владата на Заев во пресрет на изборите, особено што алармот бил вклучен по анкетите кои покажуваат пораз на Заев.

Неофицијално, бил договоран финансиски пакет за престојната кампања која вклучува корумпирање на медиуми и влијателни личности кои ќе треба да ја фалат Владата.

Воедно не се исклучува можноста, иако немаме потврда за тоа, да имало средба и со албанскиот премиер Рама, кој денес учествува пак на трилатералната средба во Охрид Заев, Вучиќ, Рама. Ова не би било изненадување особено ако се знае дека поранешната сопруга на Рама, Делина Фицо раководи со Сорос на Балканот.

Џорџ Сорос е контроверзен милијардер кој беше протеран од Унгарија и непожелен во неколку други земји. Тој стана дел и од длабоката држава која често знае да е предмет на критика од страна на претаедателот на САД Доналд Трамп.

Она што исто така отвора дилеми е што меѓудругото се злоупотребени и државните ресурси, полиција, пречек, и безбедносна придружба на групата предводена од Алекс Сорос кој не е репрезент на држава ниту има дипломатски статус за да ги ужива таквите придобивки и третман. Ваквото приватизирање на полицијата значи и кривична одговорност за злоупотреба и за оние кои ја издале таквата наредба.

ИЗВОР: РЕПУБЛИКА

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...