13.9 C
Ohrid
вторник, април 22, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопската Зоолошка ќе добие бел лав и бела лавица

Скопската Зоолошка ќе добие бел лав и бела лавица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во скопската зоолошка градина пристигна женката лавица Бела од Германија, а се очекува следната недела да биде донесен и мажјакот Чака кој ќе пристигне од Франција.

<

Директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски откри дека во наредниот период имаат план да донесат бели тигри и други бели видови на животни.

„За прв пат во Скопје и Македонија ќе има бели лавови. Планираме да донесеме бели тигри и други бели видови. Град Скопје вложува и Европа се залага за што побрзо, нашата Зоолошка да биде европска. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на скопската Зоолошка“, вели Галетановски.

Скопската зоолошка градинава обезбеди живеалишта според светски стандарди за овие лавови кои се редок вид.

Во моментов, во светот има околу 300 бели лавови, а најраспространети се во југозападниот дел на Јужна Африка во природниот резерват Санбона. Еден ваков лав може да чини и до 138.000 долари.

Иако многумина ќе помислат, сепак научно е докажано дека белите лавови не се албиноси.

Според една стара легенда, белиот лав бил заштитник на африканските племиња. Тој ги заштитувал од болести. Според преданието додека има бели лавови на земјата, нема место за грижа кај луѓето.
Во Африка, а особено во Тимбавати, белите лавови се сметаат за свети животни.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор.

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор. Покрај ова за сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на...

Кумановка вработена во спортска обложувалница украла 32 илјади денари

МВР денеска соопшти дека на 13 октомври 2024, додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената М.П од дневниот пазар одзела...

Нотарка навредувала слеп човек со зборовите: Неписмен, ниту гледаш ниту слушаш !!!

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила вознемирување и директна дискриминација од нотарка кон слепо лице, но и дискриминација од Министерството за...

Ограбен пратеникот Фатмир Битиќи: Од домот му изнеле сеф со пари

Сеф со пари е украден од домот на Фатмир Битиќи, експретседател на СДСМ и пратеник. За ова објавија од Министерството за внатрешни работи. Пријавата...