18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЃорги Колозов бил мета на тајните служби- Удба му дишела во врат,...

Ѓорги Колозов бил мета на тајните служби- Удба му дишела во врат, поради неговиот јавно искажан став.

Еден од најпознатите македонски актери Ѓорги Колозов бил еден од илјадниците македонски граѓани кои биле на мета на поранешната тајна служба. Документите од досиејата на УДБА што неодамна ги објави Државниот архив откриваат дека голем број уметници и актери биле следени и обработувани од полициските служби само поради нивните јавно искажани ставови.

Од објавените документи во досието на Колозов јасно се гледа дека тој бил следен уште од времето додека студирал.

Во прилог на документацијата се и белешките што своерачно ги пишувале лицата задолжени за неговото кодошење. Според овие записи, Колозов било обвинуван за наводно бугарофилство. Во текстот се посочува дек тој често патувал во Софија, а на Факултетот за драмски уметници зборувал бугарски со свој колега.

Во една од полициските белешки на изворот, во тоа време исто така студент е опишана една случка од 1976 година во бифето на Народниот театар во Куманово. Причина за настанот било тоа што Колозов прашал зошто е масовната инвазија патување во Грција и дали луѓето што патуваат таму знаат каде одат.

Понатаму во белешката, во која се бара Колозов да биде земен на одговорност, е опишан разговор во кој Колозов тврдел дека Грција, наспроти Бугарија вршела терор и насилство врз Македонците.
Досието на Колозов е едно од деветнаесетте досиеја објавени во томот посветен на уметниците. Меѓу нив се и случаите на Шишков, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Миле Неделковски…
Од архивските документи се чита дека за нивно следење биле ангажирани голем број лица, како нивните секретарки, па се до роднини и соседи кои постојано давале информации на УДБА за секој нивни збор или движење. Уметниците биле следени преку добро организирани мрежи, а како форми на притисок постојано биле користени методите за цензура на нивната мисла.

република.мк

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...