17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата држи под надзор 310 лица во самоизолација, од кои 82 се...

Полицијата држи под надзор 310 лица во самоизолација, од кои 82 се од Охрид

310 граѓани кои се во самоизолација и кои биле во контакт со лица заразени со коронавирусот се наоѓааат под полициска присмотра.

Освен Дебар и Центар Жупа, кои се целосно под изолација, само во Скопје полицијата обезбедува 173 лица, 82 во Охрид, а МВР надгледува и граѓани во самоизолација во Битола, Тетово, Струмица, Куманово и во Штип.

Лицата кои нема да ја почитуваат оваа мерка ќе одговараат пред Законот, се закани министерот за внатрешни работи.

“Врз основа на анализа на ризик, но и по случаен избор, МВР ќе спроведува ригорозни контроли дали овие лица за кои е издадена ваква наредба ќе ја почитуваат. Доколку се утврди непочитување, ќе поднесеме соодветна пријава за пренесување на заразна болест и за непочитување на прописи за време на епидемија”

По информациите дека во Долно Лисиче, Сингелиќ, но и во струшките села има сомнителни лица вратени од Италија, а не се во изолација и ги избегнуваат медицинските екипи, МВР најави бесплатна телефонска линија 0800 00 201 која ќе работи 24 часа, но и електронска адреса [email protected], каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат прекршување на препораките од Владата.

сител

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...