8.6 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаМакедонијаВработен во МВР наместо да седи дома во изолација заминал на работа...

Вработен во МВР наместо да седи дома во изолација заминал на работа па доби 2.000 евра казна.

spot_img

Обвинителството во Кочани предлага казна од 2.000 евра за кочанец кој не ги почитувал мерките за самоизолација. Останува само нејасно дали граѓанинот бил вработен во полициската станица во Кочани, бидејќи таму се упатил наместо да седи во својот дом.

<

-За време на пандемија прогласена од Светската здравствена организација, не постапил согласно прописите, мерките и наредбите за сузбивање и спречување на заразната болест COVID 19 донесени од надлежните органи. Обвинетиот на 16 март се вратил од земја со висок ризик од зараза, при што на граничниот премин кон Република Северна Македонија бил запознаен со обврската за самоизолација за која потпишал и изјава. Но, на 18 март го напуштил домот и дошол во Одделението за внатрешни работи Кочани.

Поради стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани на судот му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина на 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност, велат од обвинителството.

фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...