19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаСветЕдномесечен карантин или ќе бидете убиени доколку не го почитувате тоа.

Едномесечен карантин или ќе бидете убиени доколку не го почитувате тоа.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска предупреди дека ќе им нареди на полицијата и војската да го убијат секој оној кој „предизвикува проблеми“ околу едномесечниот карантин чија цел е да го запре ширењето на коронавирусот во земјата.

-Ова нека ова биде предупредување за сите – слушајте ја владата затоа што во овој момент клучно е да имаме ред. Немојте да ги повредувате здравствените работници, лекарите, затоа што тоа е сериозно кривично дело – изјави Дутерте пред својата нација, наредувајќи им на војската и полицијата „ако некој создава проблеми и вашите животи се во опасност, стрелате го “.

Во своето обраќање Дутерте особено ги предупреди сите жители на Манила, кои протестираа затоа што не добиле храна и други резерви веќе две недели, откако започна карантинот.

Безбедносните сили и полицијата ги предупредиле жителите да се вратат во своите домови, но тие одбиле, по што според полицискиот извештај, полицијата го растурила протестот и уапсила 20 лица.

На Филипините досега од коронавирус починале 96 луѓе, а 2.311 се заразени.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...