14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаАмерика пред граѓанска војна . Полицијата клекна пред демонстрантите

Америка пред граѓанска војна . Полицијата клекна пред демонстрантите

Демонстрантите и полицијата се судрија и во Њујорк, Филаделфија, Лос Анџелес и Атланта, поради што градските власти, како и властите во Мајами и Чикаго, прогласија полициски час.

Полицајци во Њујорк и во окрузите Флинт и Мичиген клекнаа на улица пред демонстрантите кои протестираат поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен од полицаец, иако не бил вооружен.

Со ваквиот гест полицајците сакаа да покажат солидарност со огорчените демонстранти и покажаа дека се против насилство, истовремено оддавајќи му почит на Флојд.

Меѓу нив беше и шефот на полицијата во Бруклин Џефри Мадреј, кој е Афроамериканец.

Некои од демонстрантите им довикуваа „благодарам“ на полицајците, а еден од демонстрантите на глас прочита имиња на други Афроамериканци убиени од полицајци без прoвокација.

Немирите низ земјата ги ставија САД на работ на граѓанска војна. Групи незадоволни граѓани имаше на протестите во Далас, Лас Вегас, Сиетл, Мемфис и на други место, дури и во Вашингтон пред Белата куќа. Тие извикуваа „Животите на црнците се важни“ (Black lives matters) и се соочиja со полицајците опремени со штитови и полиција на коњи пред оградата на Белата куќа.

Избувна и пожар во близина на Белата куќа, веднаш по завршувањето на полицискиот час. The Guardian пишува дека пожарот избувнал во подрумот на црквата на св. Јован која од 1816 се нарекува и „црква на претседателите“. Пожарникарите на градот Вашингтон за кратко време го ставиле пожарот под контрола.

Полицаецот кој го уби Флојд,  Дерек Шовин, е уапсен, но Американците сакаат неговото обвинение да биде за убиство со умисла и да бидат уапсени тројцата други полицајци кои учествува при апсењето.

 

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...