12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаЕстрадаЦеца: Го имам вирусот и знам како е, не е толку опасен...

Цеца: Го имам вирусот и знам како е, не е толку опасен како што кажуваат дефинитивно е ослабнат бидеќи да не се тестирав немаше ни да знам дека сум позитивна.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пред неколку дена, балканската фолк кралица Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син Вељко, потврдија дека се позитивни на корона вирус. Во следните денови, сите гости кои беа на мекици кај познатата пејачка, а по повод раѓањето на нејзиното внуче, започнаа со масовно тестирање.

<

Покрај Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син Вељко, фризерот на Цеца и Анастасија, Стеван Радивојевиќ, исто така, потврди дека е позитивен на вирусот.

Јована Јоксимовиќ излезе во јавноста и рече дека, штом ќе ги добие резултатите, ќе ја информира јавноста. Миа Борисављевиќ изјави дека денес ќе знае дали е заразена, а Богдана Ражнатовиќ, како и нејзиниот син Жељко, ќе ги дознаат резултатите денес.

Анастасија Ражнатовиќ е негативна на коронавирус а тестот го повтори два пати. Александра Пријовиќ, која беше на забавата на Ражнатовиќ, откри дека е негативна на корона па синоќа се појави пред белградската публика на настап во еден клуб. Жика Јакшиќ, продуцентот на „Гранд“, потврди дека е негативен на вирусот.

Меѓу гостите на забавата на Ражнатовиќ беа Сања Ѓорѓевиќ со нејзината ќерка, Јована и Жељко Јоксимовиќ, Мирко Сијан со Бојана Родиќ, Филип Краинановиќ, Марина Вишковиќ, Маја Беровиќ, Маријана Матеус, Ацо Пејовиќ и неговата сопруга, Милош Надаждин. Горенаведениот Стеван, кој потврди дека има коронаа, бил и на забавата на Миа Борисављевиќ, која исто така собрала познати личности.

Фолк дивата Светлана Ражнатовиќ прво имаше серолошки тест од венска крв, што покажа дека е негативна, потоа направи PCR-тест, што се прави со земање примероци од брисеви од грлото и носот, што покажа дека е позитивна.

Српската фолк дива, вчера сега сподели видео објава на социјалните мрежи, во кое опиша како се чувствува во моментов, а преку истото и упати и своја порака на нацијата:

„Здраво на сите, чувствувам дека треба да се обратам до јавноста… Да, се чувствувам одлично, немам никакви симптоми. Боже мој, што се случи се случи, јас дури и не би знаела дека сум заразена ако не го направев превентивно корона тестот.

Само би ги замолила медиумите да престанат да ги плашат овие и онака веќе исплашени луѓе, зашто доколку има голема опасност државата би реагирала. Но, очигледно е дека вирусот е ослабнат. Како инаку би дозволиле завчера во рамките на купот на Србија да играат Партизан и Црвена Sвезда пред 25 илјади луѓе“ рече Цеца.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...