13.1 C
Ohrid
четврток, мај 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицијата конечно го пронајде сопственикот на дивоградбата кај Мавровка

Полицијата конечно го пронајде сопственикот на дивоградбата кај Мавровка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Единицата за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење” по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на бул. „Гоце Делчев“ на платото пред ДТЦ Мавровка во Скопје.

<

Од страна на СВР Скопје- Единица за економски и компјутерски криминал во координација со ОЈО- Скопје беа преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење” од КЗ и по целосно документирање на случајот денеска до ОЈО- Скопје е поднесена соодветна кривична пријава. – соопшти МВР.

Овој случај изминатиот период ја бранува јавноста, дотолку повеќе што надлежните институции си ја префрлаа одговорноста меѓусебно, а општината Чаир, под чија надлежност е случајот не спроведе акција за уривање на дивата градба, бидејќи никој не се пријавуваше на тендерот распишан за таа намена.

Во врска со случајот, премиерот Заев најави дека државата ќе и помогне на општина Чаир да ја урне дивоградбата пред Мавровка која стана симбол на немоќ на институциите. Вистински тест за власта која најави борба со криминалот, корупцијата и сивата економија како и прочистување на судството и јавните служби ќе бидат и повеќе слични случаи во Охрид, како и во Матка.

OhridNews

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...

Бектеши, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета...