6.8 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаOЈО: Законски постапивме за сообраќајката кај Млечен ресторан

OЈО: Законски постапивме за сообраќајката кај Млечен ресторан

По реакциите на оштетената и на јавноста за изречената кривична санкција и донесената пресуда од Основниот кривичен суд Скопје, објавена на 04.09.2020 година, во Јавното обвинителство беше разгледан предметот за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан и беше констатирано следното:

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице на возраст од 63 години, за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за кое дело предвидена е затворска казна од 1 до 5 години.

Во текот на претходната постапка, од страна на надлежниот јавен обвинител беа преземени сите потребни истражни дејствија – испитување на обвинетиот, испитување на оштетената, изготвување на сообраќајно-техничко вештачење, изготвување на медицинско вештачење за видот и карактерот на повредите на оштетената и прибавување на обдукцискиот протокол од извршената обдукција на оштетениот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа.

Обвинителниот предлог се однесува на кривично дело извршено на 12.10.2018 година, околу 16 часот, кога обвинетиот управувал со патничко моторно возило Цитроен кросер по левата сообраќајна лента од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во насока од запад кон исток. Кога дошол на крстосницата со улица „Анкарска“, на која сообраќајот е регулиран со семафор, на вклучено зелено светло навлегол во лево за да се вклучи на коловозот на улица „Анкарска“, но тука постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па не го испочитувал поставениот сообраќаен знак – забрането свртување кон лево, го променил правецот на движење и свртел кон лево. Притоа, со предниот лев дел од возилото удрил во левото тркало од моторциклот марка Дукати, сопственост и управуван од оштетениот, а на кој како сопатник била неговата сопруга. При сударот, возачот на моторциклот се здобил со тешки телесни повреди и бил хоспитализиран, но од тежината на повредите починал истиот ден. Со тешки телесни повреди се здобила и неговата сопруга.

Од анализа на сите обезбедени докази и утврдената состојба, од кривично-правен аспект неспорно произлегува дека обвинетиот кривичното дело го сторил од небрежност, а не од умисла, бидејќи не направил сообраќаен пропуст кој би укажал на тоа дека свесно и волево ја предизвикал штетната последица – на раскрсница навлегол на зелено светло и возилото не го управувал под дејство на алкохол. Сообраќајните пропусти надлежниот јавен обвинител ги исцрпи од извршеното сообраќајно-техничко вештачење.

Видот на повредите кои оштетениот ги здобил во сообраќајната несреќа и кои предизвикале смртен исход, надлежниот јавен обвинител ги исцрпи од обдукцискиот протокол изготвен од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, додека видот и карактерот на повредите на оштетената, јавниот обвинител ги исцрпи од медицинското вештачење врз основа на претходно обезбедената медицинска документација.

Непосредно пред завршувањето на судската постапка, од страна на полномошникот на оштетените на јавниот обвинител кој го застапуваше обвинението му беше предадена нова медицинска документација која се однесуваше на оштетената и нејзината бременост. Оваа медицинска документација, надлежниот јавен обвинител ја приложи во дополнение на доказната постапка пред судот. По признанието на вина од страна на обвинетиот јавниот обвинител, во завршен збор, детално направи анализа на сите околности во поглед на изборот на видот на кривична санкција и одмерување на истата, при што посебен акцент даде токму на состојбата во која била оштетената и штетните последици кои што настапиле од сообраќајната незгода, како во поглед на смртниот исход кај еден оштетен и предизвикувањето тешки телесни повреди кај оштетената, утврдени врз основа на обезбедените докази во претходната постапка и приложени со обвинението, така и во поглед на новоприложената медицинска документација.

По целосна анализа на сите околности кои се од значење за изречената кривична санкција, обвинителството одлучи по приемот на писмено изработената пресуда во овој предмет да вложи жалба до Апелациониот суд Скопје.​

FOKUS

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...