14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски планирал да гради нов град: Еве зошто и каде требало...

Груевски планирал да гради нов град: Еве зошто и каде требало тој да се наоѓа

Изминаа речиси 4 години откако Никола Груевски веќе не е премиер на Република Македонија, а граѓаните имаа доволно време да направат дистинкција помеѓу владеењето на Владата на Зоран Заев и онаа претходната на ВМРО-ДПМНЕ. Ако може лесно да се направи некоја разлика помеѓу двете Влади најочигледна е реализацијата на капиталните инвестиции и крупни капитални проекти, инфраструктурни и други градежни проекти кои што недостасуваат изминативе 3 години јавува Инфомакс.

После промената на изгледот на главниот град Скопје со прокетот „Скопје 2014“ и изградбата на неколку клучни автопатски делници, како и други капитални инвестиции во областа на спортот културата, образованието и здравството, Владата на ВМРО-ДПМНЕ планирала изградба на нов град во Овчеполието кај месноста Алакинци.

Владата за оваа идеја ја задолжила Агенцијата за просторно планирање да изготви план кој при крајот на мандатот бил готов.

Идејата била да се направи град за 10.000 жители со обезбедување на евтини социјални станови за млади брачни парови со што ќе се стимулира наталитетот, а на илјадници граѓани би им се решило станбеното прашање.

-На тој што ми текнало ваква идеја сигурно направил некаква анализа а јас бев човекот кој ја заврши таа работа со оглед на тоа што процесот беше веќе започнат. Јас мислам дека тој град би бил функционален и профитабилен. Идејата беше на почетокот таму да се населат 10.000 жители. Според планот требаше да се изградат станови кои би им се продавале на млади брачни парови кои за тие станови би плаќале 150 до 200 евра кирија се додека не ги исплатат тие станови, изјави пред неколку години архитектот Вангел Божиновски.

Извор Infomax.mk

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...