6.9 C
Ohrid
четврток, февруари 13, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Амди Бајрам имаше хронични заболувања, по протокол посмртно му е земен...

Филипче: Амди Бајрам имаше хронични заболувања, по протокол посмртно му е земен и брис.

spot_img

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој утрово почина, имал комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести.

На новинарското прашање во однос на тоа дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, Филипче одговори дека се уште нема подетални информации за тоа.

<

– Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации, изјави Филипче во Струмица.

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Бајрам имаше проблеми со срцето, а дел од медиумите, јавија дека посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид. Неодамна, тој направи свадба за внуката во Турција. /МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб

Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и...

Затворениците во Македонија ќе бидат здравствено осигурани веднаш штом стапнат во затворскиот систем

Затворениците во Македонија ќе бидат здравствено осигурани веднаш штом стапнат во затворскиот систем Благодарение на тоа што досега пријавувањето за здравствено осигурување одземаше 1 месец,...

ЛДП: Рисот да биде поставен на новиот државен грб на Македонија

Либерално-демократската партија (ЛДП) предлага поставување на рисот на новиот државен грб, како препознатлив вид, карактеристичен токму за Макдонија. Рисот како симбол се наоѓа на металната...

Ке се менува државниот грб на Република Македонија?!

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб. -Ние ова...