14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаИнспектори најдоа расфрлан медицински отпад кај хируршките клиники во Клиничкиот центар во...

Инспектори најдоа расфрлан медицински отпад кај хируршките клиники во Клиничкиот центар во Скопје

Инспектори најдоа расфрлан медицински отпад кај хируршките клиники во Клиничкиот центар во Скопје, по дојава на тамошната Служба за општи и заеднички работи, соопшти Државниот инспекторат за животна средина.

„Медицинскиот отпад, ставен во картонски кутии, спротивно на законот, беше складиран во депо за картонска амбалажа. Опасниот медицински отпад мора да биде селектиран, спакуван во жолти кутии или вреќи, потоа да се складира во посебен контејнер и да се транспортира со посебно возило до Дрисла. При подигањето на картонската амбалажа од страна на компанија што собира медицински отпад, кутиите со медицински отпад беа фрлени на земја и растурени“, велат од инспекторатот по увидот извршен на 10 декември и ги задолжи службите да го исчистат местото и да го отстранат медицинскиот отпад на прописен начин.

Имајќи предвид дека на оваа локација медицински отпад фрлаат сите хируршки клиники, Државниот инспекторат вели дека до нив ќе достави опомена, но истовремено, примерок од медицинскиот отпад ќе се достави до Судска медицина за вештачење и откривање на клиниката од која потекнува отпадот, по што ќе следи и соодветната законски утврдена казна.

Инспекциски надзор откри несоодветно постапување со медицински отпад на хирушките клиники

Државниот инспектор за…

Posted by Државен инспекторат за животна средина on Saturday, December 12, 2020

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...