9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЈа однесовме мајка ми со една болест, нè тераат да си ја...

Ја однесовме мајка ми со една болест, нè тераат да си ја земеме сега назад со две болести !!

spot_imgspot_img

„Јас татко ми и брат ми бевме на Клиниката за неврохирургија да потпишеме за операција, излезе медицинска сестра и ни кажа дека пацинетот одбива операција. Пацинетот не е доволно свесен за да одбие, затоа ние сме тука да потпишеме за операцијата, а потоа не информираа да си ја земеме пацинетката дома, но ние одбивме. Мајка ми не знае ни како се вика, ни која година е родена, ни каде живее. По наше инсистирање пацинетка остана, после пак ни јавија да потпишеме и таму и правеле тест излегол негативен. Вчера пак ни кажаа да ја земеме затоа што е позитивна на ковид тест. Јас прашав: како може да ја однесеме со една болест, а да ја земеме со две болести? Она беше со два негативни теста, а третиот позитивен. Како да ја земам јас? Значи она е заразена во болница…” – вака изгледа гoлготата низ која пацинетка од Тетово и нејзините најблиски ја преживуваат со денови на Клиниката за неврохирургија и се борат за нејзиниот живот.

Нејзиниот син Жарко Трајковски јавно за Алфа раскажува за лошиот третман, но и дека требало да потпишат отпусна листа во која наводно се согласиле да ја земат дома на домашно лекување мајка им која е во полусвесна состојба.

„Во отпусната листа пишува дека пацинетот одбива за операција. Како може кога семејството односно ние, знаевме дека таа оди на неврохирургија, како ние сме одбиле, а одиме да потпишеме за да се оперира“ – раскажува за Алфа Жарко Трајковски, син на пациентката.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...