1.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаЕстрадаСо вакви песни Македонија уште долго ќе живее: Ви го прикажуваме новиот...

Со вакви песни Македонија уште долго ќе живее: Ви го прикажуваме новиот музички проект на Елена Јовческа и Сања Ристеска насловен под името ”Македонија вечна”

spot_img

Добро одбрани македонски песни во новиот заеднички проект на Елена Јовческа и Сања Ристеска. Музичкото шоу ќе биде премиерно претставено на Сателитската ИН Телевизија, а дополнително ќе се емитува на уште 20 регионални телевизии низ Македонија.

Познатите Македонски фолк пејачки Елена Јовческа и Сања Ристеска направија одлично музичко шоу со добро одбрана македонска музика. Како што велат за Естрада плус ова шоу е Новогодишен подарок за нивните обожаватели, а се надеваат дека јавноста ќе ужива во сето она што тие го подготвија за нив.

-На нашиот репертоар има македонски народни песни, имаме два дуети заедно со Сања, еден микс кој го насловивме “Македонија вечна” кој го направив јас, а во самиот микс ја има и нашата дуетска песна “Сестра”. Секако дека ова шоу не може да помине и без мојата песна добро позната на јавноста “Горда Прилепчанка”, како и авторската песна на Сања со наслов “Македонијо не те даваме”. Би сакала да кажам дека најпрво имав идеја да направиме микс, но по разговор со Сања се договоривме да направиме едно комплетно музичко шоу. Со Сања се дружиме долги години, пред се сме и братучеди и затоа одлучив овој проект да биде со неа. Да бидам искрена, се подготвуваме уште од месец септември меѓутоа имавме некоја пауза, па затоа едно добри 20 дена бевме постојано на проби со колегите за да биде се онака како што треба.-изјави Елена Јовческа

Во музичкото шоу на Елена и Сања учествуваат и неколку музичари кои важат за нивни долгогодишни соработници. Марјан Ртоски-клавијатури, Иле Иваноски-клавијатури, Кире Иваноски-дувачки инструменти, Борче Тренески-бубњеви и Виктор Јошески-хармоника.

-За мојот изглед се погрижи професионалниот make up artist Алек Палада. Задоволна сум многу од тоа како се одвиваше проектот и од тоа како заврши. Навистина сум среќна што имав можност да работам на овој проект со луѓето кои што беа вклучени во истиот. Верувам дека на сите нас ни требаше нешто вакво. Се надевам дека публиката ќе ужива во она што го припремивме за нив бидејќи работевме на песните со голема љубов и верувам дека тоа се гледа и дека ќе се почувствува. Очекувам публиката да ужива во песните, бидејќи ние навистина уживавме во секој миг од снимањето.-вели Сања Ристеска за гледачите на ИН ТВ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...

Македонски лекари херои во Магдебург: Д-р Станковски и Д-р Митевски спасуваа животи

Македонската амбасада во Германија на својот фејсбук профил напиша македонските специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург, синоќа го дадоа...

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...