19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Србија сакаше да ни ги даде бесплатно вакцините, но ние имаме...

Заев: Србија сакаше да ни ги даде бесплатно вакцините, но ние имаме пари и ќе си ги купиме !!!

Србија и нуди помош на Северна Македонија со цел што поскоро да започне вакцинацијата во земјата против Ковид-19. Според најавите, С. Македонија ќе добие 8.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“.

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска информираше дека му се јавил српскиот претседател Александар Вучиќ кој одговорил на македонските барања до соседните земји за првична помош додека пристигнат дозите што се нарачани преку механизмот Ковакс и договорените со „Фајзер“. Во Србија вакцинацијата започна на 24 декември и досега кај соседната земја во оптек се вакцините на „Фајзер/ Бионтек“, руската „Спутник“, а пред неколку дена пристигнаа и милион дози од кинеската вакцина.
„Понудената помош од Србија, преку претседателот Вучиќ, ја прифативме. Утрово разговаравме, а деталите ќе ги договориме во текот на денот. Се работи за околу 8.000 вакцини од ‘Фајзер’, а за другите треба да ги потврдат преку договорите што ги имаат дали е можно да ги дадат. Јас сум многу благодарен од името на македонскиот народ до Србија и до српскиот народ за овој чин на пријателство“, вели Заев.

Тој додаде дека Вучиќ понудил да ги донираат вакцините. „Ние сме благодарни за тоа, но ние како земја имаме пари, ќе си платиме, по што тој кажа дека ќе ни ги даде по набавна цена.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...