13.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Нема да барам предвремени избори ако од Владата кажат НЕ на...

Мицкоски: Нема да барам предвремени избори ако од Владата кажат НЕ на францускиот предлог

spot_imgspot_img

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за Канал 5 телевизија посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори ако од Владата кажат НЕ на францускиот предлог.

„Морам тоа да кажам дека не се наоѓа францускиот предлог, туку се наоѓа документ кој што треба да послужи за лечење на фрустрацијата на владината коалиција СДСМ – ДУИ. Тој документ што таму се наоѓа нема никаква правно значење, ниту правна вредност. Тоа е еден лист хартија со четири потточки, нема француски предлог, нема последен предлог, нема модифициран последен предлог. И тоа е една голема лага која што во јавноста Владата се обидува да ја направи и дополнително да ги порализира граѓаните во Македонија. Нема последен предлог, туку има четири условно кажано заклучоци“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во Парламентот требало да се достави Протоколот бидејќи тој е суштината.

„Јас и во моето обраќање денеска кажав и ги повикав пратениците на СДСМ да ја сочуваат својата чест, а не е ова борба за власт, еве нема да бараме предвремени избори и нека седат таму во Парламент“, нагласи Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...

Во Бигорски манастир се очекува пристигнувањето на благодатниот оган

Благодатниот оган се очекува на полноќ да пристигне во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ кога треба да започне и Велигденската богослужба. Со особена пасхална радост...

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж!

Воскресението Христово е смисла и почеток на секоја надеж! Денес повторно нè осветли божествената слава. Денес ни беше даден дарот на мудроста. Денес уште еднаш...

Со бензин го полил казиното Адмирал во Охрид, па потоа го запалил !!!

Вечерва околу 19 часот избувнал пожар во казино Адмирал лоцирaно во центар во Охрид, кога едно лице го полило со бензин внатрешниит дел на...