17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаРусковска- Мијалков не може да ја помине границата зошто пасошот му е...

Русковска- Мијалков не може да ја помине границата зошто пасошот му е одземен

Јавната обвинителка Вилма Русковска во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ денеска кажа дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков не може да премине граница, бидејќи му е одземена патната исправа.

-Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Знам дека кога беше притворен, а потоа пуштен во куќен притвор Јордан Камчев, него му беа одземни две патни исправи, македонска и бугарска, а дали Сашо Мијалков има уште некоја патна исправа не ми е познато. Ни формално правно Мијалков не би можел да биде пуштен да ја напушти државата. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално, рече Русковска.

Според информациите кои таа ги има од полиција, последен пат Мијалков визуелно е забележан во 15 часот како со сопругата влегува во Мериот.

-Видено е како возилото на жена му го напупта хотелот, потоа возилото на обезбедувањето, па неговото, но бидејќи стаклата биле затемнети не можело да се види дали е тој всушност внатре во возилото, Вилма Рускоска, шефица на Обвинителството за организиран криминал. Не се сложувам дека обвинителството ја тргнува вината од себе. Кај Обвинителството апсолутно нема вина, затоа што ние немавме никакви сознанија ниту од полиција, ниту од службите одговорни за безбедност и контразузнавање дека се спрема бегство на Мијалков. Првата информација ја доби обвинителството и веднаш ја сподели. Колегите кои што постапуваат по предметот Таргет – Тврдина, ги прашав дали по овој предмет, кој е почнат јуни 2017, бил побаран притвор за Мијалков и дали бил во притвор, тие ми одговорија да, беше во притвор недела дена. Од кои причини тогаш бил и зошто толку малку време бил во притвор јас стварно не знам. Јас можам да кажам за предметите кои ги водам јас или обвинителите во Обвинителот за гонење на организиран криминал и корупција, вели Вилма Русковска, шефица на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...