14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаОливер Спасовски: Лажен пасош може да се изработи за 20.000 евра

Оливер Спасовски: Лажен пасош може да се изработи за 20.000 евра

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во денешниот „Утрински брифинг“, коментирајќи ја аферата „Мафија“, вели дека деветмината полициски службеници кои вчера беа уапсени во меѓународна акција, пасошите со лажен идентитет за наркобосовите ги издавале за пари. Според Спасовски, еден таков пасош можќе да се наплати и 20.000 евра.

Министерот вели дека акцијата траела две години за да се опфати што е можно поголем круг на следени лица и за да се дознаат што е можно повеќе важни информации, но и дека постоела претпазливост доказите да бидат релевантни.

„Индициите се една работа, вие на крајот тоа што ќе го сработите, мора да го докажете. Има многу мерки кои се превземени во рамки на истрагата, а за кои дозвола треба да даде онбинителот. Било која обвинителска постапка, ја води обвинителот и од таму се добиваат сите мерки., Ние можеме поретходно да добиеме оперативни сознанија и податоци, но доколку тие не се прибават на начин на којшто е пропишано во законот за кривична постапка, тие не можат да се користат како докази

Дополнително, кога има интерес да се вклучат и стратешките партнери, не е важно да се дојде до одреднеи поединци, туку да се дојде до што е можно поголем круг на луѓе и да го вдииме патот по којшто се движеле. Идејата беше да видиме каде се движат, зошто ги користат овие патни исправи и тоа е една опсежна меѓународна акција“, вели Спасовски.

Тој додаде дека во полицијата кругот на апсења е затворен со деветмина приведени и еден во бегство, а истрагата ќе се проширува на другиу подрачја.

Потсети дека во претходната акција со апсење на полициски службеници, за изработување на лажна возачка дозвола било наплаќано од 1.500 до 2.000 евра.

faktor

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...