16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаВиолета Аврамоска: Осум години се борам како самохрана мајка, сега пред избори...

Виолета Аврамоска: Осум години се борам како самохрана мајка, сега пред избори ги пратиле од Црвен Крст да ми донесат социјален пакет со храна !!

Охриѓанката Виолета Аврамоска јавно проговори низ каква голгота поминала низ нејзиниот живот, и како се лавовски 8 години се борела како самохран родител.Судбината со оваа жена си поиграла, но за жал и политичките партии го сториле токму истото:
Во продолжњние ви го прикажуваме нејзиниот статус.


Штотуку ме информираа соседите дека вчера додека бев на работа , кај мене дома дошле од Црвен крст и ми носеле некаков пакет.
Им благодарам на Црвен крст што се сетиле на мене и на моето дете, иако се прашувам од каде јас на нивниот список.
Претпоставувам пред избори ги побарале сите самохрани родители, па така и јас сум се нашла на нивниот список.
Е, вака другари. Јас веќе 8 години се борам сама во животот. Кога почина мојот сопруг ќерка ми имаше три и пол години. Јас бев невработена. Да, тропав по сите врати, кои ми ги затвораа пред нос. Тогаш беа на власт ВМРО ДПМНЕ.
Потоа се промени власта. Истото го правев и кај новата власт на СДСМ. Но и нивните врати ми беа пред нос затворени.
Но, никогаш не побарав помош. Секогаш барав работа. Не сум од оние кои бараат помош, ниту социјална, ниту од Црвен крст. Сметам дека само болен човек има потреба од помош . Здрав човек може да работи и да заработува.
Значи, уште еднаш благодарам што сте се сетиле на мене и на моето дете, но јас работам и заработувам леб за моето семејство, со моите две раце. Понекогаш ми се исечени, раскрвавени, понекогаш изгорени, но лебот што го јадеме со ќерка ми е многу сладок.
Сигурно има семејства на кои им е потребна помошта која сте ја намениле за мене, па еве јас од срце би ви препорачала да ја однесете таму каде што е потребна.
Лицемерие до бескрај.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...