12.9 C
Ohrid
среда, мај 21, 2025
ПочетнаМакедонијаКирјаков за пописот во Бугарија „Не плашете се! Попишете се и вие...

Кирјаков за пописот во Бугарија „Не плашете се! Попишете се и вие по националност какви што сте – Македонец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонскиот активист од Бугарија, Атанас Кирјаков-Војводата, упати повик до Македонците во Пиринска Македонија да бидат горди на својата македонска националност и да се изјаснат како Македонци на пописот што е во тек кај источниот сосед.

<

„Македонци и Македонки од Пиринска Македонија, бидете горди на својата македонска националност и на својата македонска историја и македонска култура! Тие исто така беа како вас по националност“, вели Кирјаков во објавата на Фејсбук поткрепена со фотографии на Димитар Благоев, Никола Вапцаров, Баба Ванѓа и Јане Сандански.

„Не плашете се! Попишете се и вие по националност какви што сте – Македонец/Македонка“, додава еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“ и кандидат за градоначалник на Благоевград на минатогодишните локални избори во Бугарија.

Со оглед на тоа дека во пописните формулари има графи само за Бугари, Турци и Роми, Кирјаков им сугерира на сонародниците во Бугарија да се изјаснат како Македонци во графата „други“.

Пописот во Бугарија се спроведува од 7 септември до 3 октомври.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Продавале „молитви во тегли“ на блиски на загинатите во кочанскиот пожар

Од струмичката епархија на МПЦ-ОА информираа дека во полиција пријавиле случај на измама и злоупотреба на име на владика од Епархијата, а осомничена е...

Сопственици на ресторан од Прилеп, донираа машина за перење во прилепската болница

Сопствениците на еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот BEER TI & JA, денеска донираа машина за перење и хигиенски средства, за потребите на...

Ѓорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела Вода

Кисела Вода воведува нов концепт за одбележување на полуматурата, кој за првпат во Македонија обезбедува бесплатна и заедничка прослава за сите ученици од деветто...

Беким Максути останува во притвор за кочанската трагедија.

Притворот на Беким Максути, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочан, е продолжен...