13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина Васичот најталентираниот ТАТУ мајстор од Битола

Почина Васичот најталентираниот ТАТУ мајстор од Битола

На 36-годишна возрат ненадејно почина Васко Војнески-Васичот, битолчанец со Даунов синдром кој имаше талент на вистински тату мајстор објавува сакамдакажам.мк . Иако немаше можност да работи со вистинска опрема за тетовирање, тоа не го спречуваше секојдневно да црта по неколку тетоважи на хартија. Многумина битолчани, познавајќи ја неговата умешност, дозволуваа со мастило и маркери да им исцрта тетоважи на рацете.

Инспирацијата за тетоважите ја наоѓаше во рап музиката.

„Децата на негова возраст не го отфрлаа, туку го прифатија и земаа во нивно друштво. Живееме на Широк Сокак и тој порасна на главната битолска улица. Другарите слушаа рап музика и тој почна да го слуша тоа. Открив дека со секоја песна што ќе ја слушнеше на својот таблет, бидејќи знаеше самостојно да користи Интернет, произлегуваше по некој цртеж. Песната кај него предизвикуваше емоции и тој неа ја преточуваше во цртеж. Емоциите не ги изразуваше само преку формите, туку и преку боите. Светло сино кога беше мирен и расположен, црвено кога имаше копнеж, мотивација, црна кога мелодијата беше тажна“, рече мајка му Нада Војнеска во текст што САКАМДАКАЖАМ.МК го објави пред две години.

Текст и фотографија сдк.мк Целосната сторија во сакамдакажам.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...