14.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски- Оваа година истекува политичкиот азил на Груевски-ќе го вратиме да одговараза...

Спасовски- Оваа година истекува политичкиот азил на Груевски-ќе го вратиме да одговараза сето лошо

spot_imgspot_img

На новинарско прашање дали поранешниот премиер и азилант Никола Груевски некогаш ќе биде екстрадиран во земјава, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека тој ќе сноси одговорност за  се што сторил лошо на оваа земја.

„Оваа година истекува политичкиот азил на Груевски. Ние уште во септември направивме посебна оперативна акција за пронаоѓање на бегалци. За 4 месеци се фатени 400 по кои што имаше меѓународни потерници. Од топ 20 приоритети, досега фативме петмина. МВР работи на случаите, имаме контакти и со Унгарското министерството за внатрешни работи од самиот момент во врска со случајот на Груевски. Нема бегство од правдата никогаш“, изјави вечерва Спасовски за „Клик плус“.

Тој истакна дека само денеска МВР имало две апсења и две заплени на дрога во значајни количин, едната во Кавадарци и едната во Кичево.

„Апсења на дилери на дрога, се работи за кокаин и хероин. Постојано имаме жесток одговор против криминалните структури и тоа е успехот“, соопшти министерот.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...