7.9 C
Ohrid
вторник, март 19, 2024
ПочетнаСветДендијас и Чавушоглу наместо да се помират се испокараа на прес конференција

Дендијас и Чавушоглу наместо да се помират се испокараа на прес конференција

Грчките и турските министри за надворешни работи, Никос Дендијас и Мевлут Чавушоглу, имаа вербален конфликт на прес-конференцијата во Анкара, бидејќи не се согласија за повеќе билатерални прашања. Чавушоглу и Дендијас пред камерите изнесоа спротивставени ставови за поморските граници, мигрантите и третманот на малцинствата.

Грчкиот министер е во Турција за да почне дијалог за решавање на билатералните спорови.

„Ако изнесувате толку тешки обвинувања против мојата земја и мојот народ, јас сум должен да одговорам“, рече Чавушоглу, видно незадоволен од изјавите на својот грчки колега.Дендијас особено ги критикуваше активностите на Турција во Егејско Море и источниот дел на Средоземно Море, како и примената на Турција на договорот со ЕУ за мигрантите.„Позицијата на Грција е јасна и вие не ја слушате првпат. Турција ги крши меѓународното право и поморската конвенција во Егејско Море и источниот дел на Средоземно Море, како и суверените права на Грција, бидејќи спроведе 400 лета над грчкото тло“, рече Дендијас.

Чавушоглу возврати дека Анкара во Средоземно Море ги штити интересите на Турција и на кипарските Турци, додека за договорот рече дека Турција „пристојно“ го спроведува.

Турскиот министер неколку пати повтори дека она што Дендијас го зборува е „неприфатливо“.

Грција и Турција, кои со години имаат деликатни односи, се расправаат околу разграничувањето на зоната за експлоатација на гас во источен Медитеран.

Односите беа затегнати и од меѓусебното незадоволство од третманот на муслиманските малцинства во Грција и православните малцинства во Турција.

Фото ЕПА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Костадиновска-Стојчевска: Го исполнивме аманетот на нашите предци – до крајот на 2025 година, нов „Центар за македонски јазик“ во Љубојно

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член на Советот за...

Ковачевски: Не даваме лажни ветувања-Имаме конкретна програма и визија каде ја гледаме Северна Македонија до 2030 година

„На изборите ќе насташиме со искусни членови кои вршеле низа функции и во партијата и во државата. Јас ќе бидам во Изборната едниница 1,...

Николоски: Со оваа власт процветаа криминалот и корупцијата во Македонија, но крајот им се ближи и ќе одговараат пред законот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека со оваа власт криминалот и корупцијата процветаа во Македонија,...

Не се откажувам од претседателската трка! Ни Американци ни свети Американци нема да кажат кој ќе управува со Република Македонија

Им се извинувам на сите Македонци и сите македонски граѓани што сум јас причината за една ваква вознемирувачка вест, истакна на денешната вонредна прес-конференција...