12.2 C
Ohrid
четврток, мај 15, 2025
ПочетнаМакедонијаКомпанијата „Алкалоид“ донираше над 4 милиони денари на Универзитетската клиника за детски...

Компанијата „Алкалоид“ донираше над 4 милиони денари на Универзитетската клиника за детски болести по повод 85-годишниот јубилеј.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Компанијата „Алкалоид“ донираше над 4 милиони денари на Универзитетската клиника за детски болести по повод 85-годишниот јубилеј.

<

Алкалоид“ го почна јодбележувањето на роденденот во јуни со хуманитарниот спот за песната „Чукни во дрво“, во изведба на децата од „Дајте музика“, при што најави дека за секој преглед на дигиталните канали од 10 јуни до 20 септември ќе донира по еден денар на Клиниката за детски болести.

„Одлучивме место еден да донираме два денара од преглед или износ од 4.099.448 денари“, рече претседателот на Управниот одбор Живко Мукаетов на свеченоста што во понеделникот навечер беше организирана по повод отварањето изложба за компанијата во Музејот на град Скопје, во старата Железничка станица.

Првиот филм за „Алкалоид“ од 1950 година, најстарото кутивче од лекот „кафетин“; првите пакувања „бекутан“, најстарите индустриски машини и други експонати се дел од изложбата.

„Јубилеите вообичаено ги одбележуваме во поширок состав, но приликите овојпат ни наложија друг формат, па се одлучивме нашето минато и нашата сегашност да ги отвориме за сите. Цела година собиравме драги спомени и на простор од 300 квадратни метри ги спакувавме најзначајните моменти од нашата и ваша историја“, истакна генералниот директор на компанијата, Живко Мукаетов.

Децата од „Дајте музика“ ѝ го врачија симболичниот чек на директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова, која рече:

„Сакам искрено да ви се заблагодарам затоа што во овој тежок период покажавте дека здравјето е пред сѐ. Здравјето на оние кои се најранливи, најсензитивни и значат вистинска иднина“.

Ретроспективната изложба ќе биде отворена до 12 октомври.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...

Бектеши, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета...