19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаСветЈужна Кореја размислува да забрани јадење кучешко месо

Јужна Кореја размислува да забрани јадење кучешко месо

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин најави дека размислува да воведе забрана за конзумирање месо од кучиња, јавува британски Гардијан.

Јадењето кучешко месо според него е дел од домашната традиција, но е меѓународен срам за Кореја.

„Зарем не е дојдено време внимателно да размислиме да забраниме конзумирање кучешко месо?“, го прашал претседателот Мун премиерот Ким Бу-кјом за време на заедничкиот неделен состанок.

Се верува дека во Јужна Кореја годишно се јадат околу милион кучиња, но во последно време е се поголем бројот на жители на оваа земја кои ги чуваат кучињата како домашни миленичиња и се противат на традицијата, тие и натаму да бидат на менијата на корејската кујна.

Расте бројот и на активисти за заштита на правата на животните кои вршат сериозен притисок врз властите за воведување на забраната. И самиот претседател на Јужна Кореја е љубител на кучиња и чува неколку миленичиња.

Според тамошното законодавство, забрането е суровото колење на мачки и на кучиња, но не е забранета нивната конзумација.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...