5.9 C
Ohrid
четврток, март 20, 2025
ПочетнаМакедонија„Град Скопје на чело со Шилегов го финансирал извидничкиот камп и во...

„Град Скопје на чело со Шилегов го финансирал извидничкиот камп и во 2019 година, и во 2021 година“

spot_img

Шилегов да побара клубот кој го организирал скандалозниот камп да ги врати парите, а тој да се извини на скопјани. И во 2019 година, и во 2021 година град Скопје на чело со Петре Шилегов го финансира извидничкиот камп на кој малолетни деца сексуално и психолошки се трауматизирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

<

Оттаму истакнуваат дека документите јасно покажуваат дека градот Скопје ги известил и средните училишта за оваа своја активност.

– Со тоа се покажува дека Шилегов точно знаел што прави и не може да бега од одговорност. Десетици деца ќе имаат долгорочни психолошки последици како резултат на скандалозниот камп кој меѓу другото е овозможен и од финансиите од Шилегов, додаваат од партијата.

Во соопштението се потенцира дека Шилегов најмалку што може да направи е да ги побара назад парите, и да се извини на скопјани.

–  А, по промената на власта ќе има и детална истрага за сите можни злоупотреби, за никогаш повеќе да не се повтори, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен градоначалникот на Кочани, но и двајцата негови претходници

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, бил приведен од страна на полициски службеници, доцна попладнево. Според првичните информации, освен него, полицијата уапсила и негови претходници. Уапсен...

Мвр коси се пред себе: Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје

Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје На 17.03.2025 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено...

ЈП „Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени.

Јп Билјанини Извори“ Охрид ги отфрла изнесени наводи во јавност дека дел од излезите на салата се затворени. -Нашата спортска сала работи согласно сите прописи...

Последно збогум: Погребани членовите на групата „ДНК“ кои загинаа во пожарот во Кочани

Денеска беа погребани членовите на музичката група „ДНК“, кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, објави МИА. Пејачот на бендот,...